Чуварот на мрежата Никола Даниловски и левиот бек Мартин Манасков и следната сезона ќе бидат членови на Ракометниот клуб Охрид. Тандемот Даниловски-Манасков потпиша едногодишен договор.

Со продолжување на соработката со Даниловски и Манасков, РК Охрид ги остварува најавите за задржување на костурот во екипата, која стигна до вицешампионската позиција во регуларниот дел од Супер лигата.

Даниловски и Манасков остануваат во РК Охрид. Преговорите се одвиваа без пречка и веднаш постигнавме договор со ракометарите. Во најскоро време очекуваме да пуштиме рака и со другите играчи, кои беа дел од мината сезона. – изјавија од клубот.

„Гладијаторите“, претходно, ја продолжија соработката со тренерот Раде Стојановиќ и триото интернационалци Јагош Брауновиќ, Филип Кривокапиќ и Денис Тот.

OhridNews