Хрватскиот ракометен “Моцарт“, Ивано Балиќ потпиша едногодишен договор со екипата Атлетико Мадрид за која настапува македонскиот “бомбардер“ Кирил Лазаров.


На службената страница од клубот Атлетико Мадрид велат дека го ангажирале Ивано Балиќ за да го освојат трофејот од ЛШ кој во ланската сезона им побегна од рацете во финалето против Кил.

Лазаров заедно со Балиќ успешно настапуваа во дресот на хрватскиот клуб Загреб.

Мх.П.