Охрид Лоте ја продолжи серијата позитивни резултати на домашен терен совладувајќи ја со чисти 2-0 Локомотива. Деби со пораз на клупата на “локосите” имаше новиот стратег Александар Митев кој не успеаа да ја продолжи победничката низа на неговиот претходник.


Скопјани немаа решение за разиграните “градежници” кои доминираа во текот на целиот натпревар. Опсадата кон голот на Јосифоски започна по мирните десетина минути, кога прво Пресилски, а потоа Димоски го тестираа со удари од далечина. При еден таков обид, несигурно регираше голманот, на одбиената топка натрча Митрески кој биеше над голот.

Отпрот домаќините го скршија во 17. минута од мечот кога одлично проиграа Толески и Димоски, а овај вториот со глава ја тресе мрежата за негов трет погодок во првенството.

Голот не ја промена многу сликата на теренот, гостите се подотворија  и тргнаа по офанзивно но не успеваа да ја пробијат охридската одбрана. Победникот не беше одлучен до самиот финиш, а можност непоразени да си заминат од Велмеј, гостите имаа на пет минути пред крајот но ударот по комбинацијата на Трајкоски и Вељаноски , заврши во рацете на Абди.

Со четвртиот погодок, трет во серија капитенот, Александар Толески во 88 минута ја реши сета неизвеснот околу конечниот победник. Напаѓачот украде една топка од несигурната одбрана и со удар по земја го совлада Јосифоски.

Фудбалерот на гостите Шабани во 15 минута по еден старт на средината на игралиштето, се поврди страдаше неговата леваа нога и на носилки беше изнесен од теренот. Веднаш беше пренесен во специјалната болница за ортопедија и траумоатологија СВ Еразмо во Охрид, каде ногата му беше ставена во лонгета. За него завршена е есенската полусезона.

М.П: