Во врска со денешниот бојкот на наставата на дел од родителите на децата од прво одделение при ОУ „Св. Климент Охридски“ од Охрид,  со став излезе директорката на училиштето Наташа Танеска. Таа истакнува дека договорите на дело на трите лица кои се посочуваат во изјавите на родителите биле истечени, по што бил распишан нов конкурс, на кој можело да се пријави секое заинтересирано лице.

-Лицата кои се примени на работа се професионалци и многу брзо ќе се прилагодат на работата со децата, а и децата ќе ги прифатат доколку сите заедно им дадеме соодветна шанса и реална можност да го покажат своето знаење. Како колектив апелираме до родителите да им овозможат на децата континуирано следење на образовниот процес и да не се продолжува со бојкотот кој го започнаа денес, земајќи ги децата од настава, особено со почетокот на второто полугодие затоа што имаме задолжително основно образование, а недоаѓањето на училиште е со закон казниво дело. – вели во писмената изјава директорката на  ОУ „Св. Климент Охридски“ Наташа Танеска.

OhridNews