– Победа на гостински терен, без примен гол во вакви натпревар е полн погодок – истакна Златко Танески по победа над Пелистер во првиот натпревар од 1/4 финалето и додаде – Ова е само прво полувреме од мега дербито со Пелистер. Има реванш натпревар, на него може сешто да се случи. Минатата сезона трофејот ни избега, но оваа нема каде тој е “резервиран“ за Вардар – порача дефанзивецот на “црвено црните“, Танески.


Вардар тргна фуриозно во одбрана на титулата во првата македонска фудбалска лига. Потоа следуваше мал пад во играта, но со триумфот над Пелистер и Работнички одново “црвено црните“ се вратија на победничките патеки. 


– Очекувано беше да има мал пад во играта. Причината е јасна, ние подготовките ги почнавме еден месец пред останатите екипи во македонската лига. Успеавме да се консолидиравме, победивме два натпрери во низа и сега повторно сме на правиот пат, кој води до двојна титула – посочи Танески.

Дефанзивецот на Вардар, Танески не сака да ги коментира одлуките на ФФМ и МВР за забрана на гостински навивачи. Тој порача дека фудбалот се игра за публиката и за полни стадиони.

Мх.П.