Ненавременото донесување на Буџетот може негативно да се одрази на туризмот и да го доведе под знак прашање учеството на македонските хотелиери на претстојните саеми за туризам, предупреди претседателот на ХОТАМ Дончо Танески.

– Краткорочно гледано, постои реална опасност поради недонесувањето на буџетот односно недостиг на средства нашите туристички субјекти да не можат да земат учество на престојните туристички саемски манифестации што воглавно се организираат на почетокот на календарската година, односно пред шпицот на главната туристичка сезона или пак да се случи да не можеме да се претставиме во добро светло, рече Танески.

Според Танески недоразбирањата околу усвојувањето на Буџетот можат да имаат и долгорочни последици од неусвојувањето на буџетот по однос туристичкото стопанство, Танески укажа на обврските договорени со странските тур-оператори.

– Со  договорите склучени со странски тур-оператори ние сме обврзани со субвенционирање на продадените аранжмани, односно нашите субјекти нема да бидат во можност да ги исплатат средства од субвенциите за туристите кои престојуват овде. Со сето тоа го губиме имиџот што го градевме како туристичка дестинација, како земја сериозен партнер која ги исполнува ветувањата, навремено реагира и се обидува да ги отстрани сите недостатоци што се јавуваат во чекор во текот на сезоната
, истакна претседателот на ХОТАМ.

OhridNews