Министерот за здравство, Арбен Таравари, најави дека уште од следната недела ќе има новитети во системот Мој термин. Таравари рече дека новороденчињата ќе бидат заведени во матичната книга на родени уште истиот ден на раѓање и ќе добијат Извод, како и календар на вакцини со препораки за мајката.

Министерот додаде дека овој новитет во здравството ќе се спроведе во соработка со МВР.

Повеќе детали околу измените рече дека ќе бидат соопштени во текот на следната недела.

OhridNews
Макфакс