Советот на општина Охрид својата последна седница за оваа година ќе ја одржи во петок, 29-ти декември. На дневен ред на седницата се програмите за работа за 2018 година на секторите и јавните претпријатија во рамки на општина Охрид, како и предлог одлуката за извршување на Буџетот на општината Охрид за 2018 година.
Пред советниците ќе се најдат и предлог одлуката за утврдување на тарифи за вода на МЈП „Проаква“ Струга–РЕ „Водовод“ Охрид, годишниот план за вработување во општина Охрид за 2018 година, како и на јавните претпријатија „Охридски Комуналец“, Градски Пазар, „Билјанини извори“.
OhridNews












