Скопски Металруг без пораз го напушти Охрид  и сели во базата во Автокоманда, каде ќе ја “бруси“ формата за стартот на пролетниот дел на шампионатот. “Зелените“ на последната контрола во Охрид со 2-1 го совладаа лидерот во второлигашката конкуренција.

Мрежите мируваа во првиот дел во кој “белите“ имаа неколку можности да го отворат резултатот, но Толески и Клечкароски не успеаа да го совладаат младинскиот репрезентативец на голот Ефремов.


Металурзите во предност дојдоа по еден час преку Илијоски, додека неколку минути подоцна Кралевски со глава со дуплираше водвството.  Во финишот на мечот најискусниот во тимот на Охрид, Нически со удар од дваесетина метри го намали резултатот и го постави конечните 2-1.

–    Одигравме средбба со квалитетен противник, уште на самиот старт се појави  мал замор кај фудбалерите бидејќи ова беше деветти натпревар како го одигравме, играчите тешко се движеа, но успеавме да го добиеме мечот. До стартот на првенството имаме уште петнаесетина дена работа, некои финеси кои мислиме дека ни се проблем да ги отстраниме. Генерално гледано направивме квалитетни подготвки, не послужи и времето, ги одигравме сите планирани натпревари, екипиата ја доби потребната физиономија, костурот на тимот се назира и ако имаме дилема на една до две позиции – рече Тасески кој истакна дека целта на Металург во вториот дел на шампионатот е да се избори место на табелата кое води во Европа и да се пласираат во финалето на купот.

Ohridnews