Екипата на Прилеп воопшто не е за потценување. Имавме време за подготовка цела недела. Ќе влеземе максимално фокусирани на натпреварот од самиот почеток и ќе ја оправдаме фаворитската улога, изјави ракометарот на ГРК Охрид, Иван Тасески, пред утрешниот натпревар во рамки на 4-то коло од ракометната Супер лига со екипата на РК Прилеп.

Натпреварот се игра во салата „Билјанини Извори“ со почеток во 19:45 часот.

OhridNews