Повремениот македонски репрезентативец Дарко Тасевски останува во Левски до крајот на сезоната тврдат буграските медиуми. За играчот за врска се интересирале повеќе европски екипи но како што вели извор од клубот во моментов негов трансфер е невозможен.

Причина за ваквиот расплет на настаните е високото обештетување кое го бара сопственикот на “сините“ Тодор Батков, кој сака над милион евра, што било премногу за заинтересираните канидидати купувачи.

Локомотив Москва посакуваше во своите редови во пакет да ги доведе Тасевски и Дембеле но русите се откажале од македонскиот интернационалец поради високата цена. Клубови од Украина и Полска го следат плејмејкереот на Левски, но и од таму нема понуди поради условите на Тодор Батков.


Тасевски по добрите игри во првата полусезона во дресот на “сините“ доби покана за камбек во националниот тим и тоа против Албанија, но се повреди на загревањето и ја пропушти можноста да се наметне кај селекторот Јонуз за престојните квалификациски натпревари.

M.П.