На 21.10.2026 година во 20:50 часот, во близина на граничниот премин Ќафасан, на подрачјето на Струга, полициски службеници од Мобилниот тим „Task Force“ при Регионалниот центар за гранични работи „Запад“ – Охрид, во содејство со Полициската станица за граничен надзор Франгово, лишиле од слобода 40-годишно лице од Гостивар.
При преземање мерки и активности за сузбивање на недозволената трговија со дрога, лицето било затекнато со црна вреќа во која имало околу еден килограм марихуана. За настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга, информираат од МВР.
По целосно документирање на случајот, велат, Регионалниот центар за гранични работи „Запад“-Охрид ќе поднесе соодветна кривична пријава против лицето.
OhridNews












