Припадници на единицата за заштита и спасување на скопската општина Карпош и екипа на Црвениот крст, вчера, спасиле татко и две деца кои ги зафатило невреме додека со педалинка се возеле по Охридското Езеро во Струга.

Спасувачите кои биле на повеќедневна обука за спасување од несреќи во води во Струга, околу пладне биле информирани од екипа на Црвениот крст дека пловен објект неколку часа стои неподвижен на околу еден километар од брегот. Спасувачката екипа веднаш се упатила кон местото каде татко со два сина на педалина се обидувал да се справи со силните бранови.

Тие биле безбедно донесени на брегот каде спасителите биле наградени со аплауз од туристите присутни на плажата.

OhridNews