Во парк за кучиња во населбата Карпош во Скопје, вчеравечер, околу 22.30 часот, 13 годишно девојче, кое било со нејзиниот татко, било каснато од куче–Ротфајлер, водено од женско лице.

Девојчето се здобило со тешки телесни повреди, а повреден е и нејзиниот татко кој се обидувал да го оттргне кучето.

На повредените им е укажана лекарска помош.

OhridNews