Под македонското знаме таткото Фарук и синот Ердал Лушо членови на едриличарскиот клуб Снегар до Струга, едреа на меѓународната едриличарска регата Софија есен 2010, одржана викендов на езерото  Искар во близина на Софија.


Поради слабите услови за едрење и променливиот ветар на регатата се  одржаа само четри регатни трки.

Во класата  Ласер Радијал во конкуренција од 19 едилици Ердал го зазеде одличното 3-то место, Фарук се натпреваруваше во класата 470 и во послаба конкуренција исто се пласира на 3-то место.

OhridNews