Струшката полиција поднесе кривична пријава против татко и син за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење на работи на базбедноста“.

Имено на 22-ри август во 10,00 часот, додека полицајци давале асистенција на извршител, еден од припадниците на органите на редот бил омаловажуван и физички нападнат од  пријавените, при што му биле нанесени повреди на главата и градниот кош.

Полициската станица во Струга презема мерки за целосно расчистување на случајот.

OhridNews