ТАВ Аеродроми, меѓународната групација со седиште во Истанбул, најави дека подготвува мастер-план за развој на двата македонски аеродроми. Мастер-планот, кој како што информирааат, интензивно се подготвува со поддршка од мнозинскиот сопственик на ТАВ Аеродроми, француски АДП, се очекува да биде готов во следните два месеци и до крајот на годинава, концесионерот ТАВ Македонија, како подружница на ТАВ Аеродроми, ќе ѝ го презентира планот на македонската влада.

На пазарот донесовме нови и клучни авиокомпании, отворивме преку 40 нови дестинации, а бројот на патници го зголемивме за речиси пет пати – од околу 640.000 патници на двата аеродрома во 2009 – на 3,1 милион патници во 2023 година. Ковид-кризата силно нè погоди, но од втората половина на 2022 година бројот на опслужени патници и летови почна да се зголемува. И покрај сите препреки, ние не престанавме да работиме со ентузијазам и упорност со цел континуиран раст и развој на македонските аеродроми, а оттука и на македонската економија, како и на зајакнување на врските меѓу Турција и нашата пријателска Македонија, изјави Каптан.
Генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт, изјави, дека целта на мастер-планот е дополнително да ја развиеме авиоиндустријата во Македонија.
Анализите ќе покажат што сè е потребно да се направи на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, а потоа истиот ќе ѝ го презентираме на Владата. Нашата цел е да ги направиме скопскиот и охридскиот аеродром регионални авијациски центри, конкуретни на останатите аеродроми во регионот, порача Курт.
Oсвен во капитални инвестиции и развој на мрежата на нови авиокомпании и авиолинии од скопскиот и од охридскиот аеродром, ТАВ Аеродроми, како што најавуваат, ќе продолжи да го вложува своето групациско знаење и ресурси и во обезбедување на високвалитетни и конкурентни услуги на двата македонски аеродрома.

Последната ASQ-награда е за 2023 година. Ќе продолжиме да учествуваме во овие реномирани светски програми од нашата индустрија за истражување на мислењето на клиентите, бидејќи како услужна дејност задоволството на клиентите е една од нашите главни цели, изјави Курт.
ТАВ Аеродроми од 2010 година досега во двата македонски аеродроми има инвестирано над 300 милиони евра и на скопскиот и охридскиот аеродром вработува над 1.000 луѓе – во ТАВ Македонија, како аеродромски оператор, како и во сестринските фирми БТА, АТУ, ТАВ Технолоџис и ТАВ МОС.
Во првите осум месеци годинава ТАВ Аеродроми опслужи 2,1 милион патници (2.128.981) на двата македонски аеродрома, што е 4% зголемување во однос на лани и 17.196 лета што е за 12% повеќе од истиот период во 2023 година.
OhridNews











