Со свеченост што ќе се одржи денеска на аеродромот „Александар Велики’“ турската компанија „ТАВ“ ќе го преземе аеродромскиот систем на Македонија.

Договорот за издавање на македонските аеродроми под концесија беше потпишан во септември 2008 година. Концесијата е на 20 години, а „ТАВ” најави инвестиција од околу 200 милиони евра. Со договорот се предвидува реновирање на аеродромот во Охрид, кое како што е најавено ќе трае 12 месеци, додека изградбата на карго аеродромот во Штип е пролонгирана.

Ohridnews