Во јули 2023 година, ТАВ Македонија, аеродромскиот оператор на двата македонски аеродромa, Меѓународниот Аеродром Скопје и Aеродромот Св. Апостол Павле Охрид опслужи 352.957 патници и 2.535 летови.
Бројот на опслужени патници во јули ги надмина бројките од 2022 година за 19%, додека бројот на летови во јули 2023 е за 4% поголем од јули во 2022 година, велат од ТАВ Македонија.
Силен пораст на бројот на патници, како што информираа претходно од ТАВ Македонија, се бележи и за периодот јануари – јуни 2023 година. Имено, 1.338.406 патници патувале преку Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид во првата половина на 2023 година, што претставува годишен пораст од 41%.

OhridNews














