Модерен терминал, продолжување на пистата, изградба карго магацини на скопскиот аеродром, модернизација и охридскиот аеродром, поевтини аеродромски услуги, се дел од плановите на турски ТАВ кој од понеделник и официјално станува нов газда на македонските аеродроми.
Според менаџерите на ТАВ холдингот, инвестицијата во земјава е вредна над 200 милиони евра.












