Обично, навивачите на Ливерпул клупската химна „You’ll Never Walk Alone“ ја пеат за кревање на самодовербата на фудбалерите пред секој натпревар. Но, на мечот со Лидс во англискиот Лига Куп подржувачите на „црвените“ ја интонираа во чест на загинатите членови на фудбалскиот клуб Чапекоенсе кои животот го загубија во авионска несреќа. Секоја чест !
Што се однесува до самиот натпревар, Ливерпул со головите на Дивок Ориги во 76-та минута и на тинејџерот Бенџамин Вудбурн го совлада Лидс со 2-0 и обезбеди пласман во полуфиналето.
OhridNews