Чилеанскиот стратег Мануел Пелегрини со реми против Арсенал (2-2) се прости од навивачите на Манчестер Сити и Етихад.


Пелегрини на клупата од „граѓаните“ помина три години, а на клубот успеа да му донесе титулата од Премиер лигата и пласман во 1/2 финалето од Лигата на Шампиони.

Последниот говор на Пелегрини на Етихад помина речиси пред празни трибини, што изгледаше тажно за менаџерот кој чесно и поштено си обезбеди место во историјата на клубот.


На местото од Пелегрини следната сезона доаѓа Пеп Гвардиола во кој навивачите на Манчестер Сити гледаат рецепт за успех во Европа.

OhridNews