Денес ќе биде одиграна детската интерактивна театарска претстава „Марсовски пикник“ во изведба на „Театар за тебе“ во рамки на проектот на Општина Охрид „Културата расте со децата – За сите деца“.
Дојдете и уживајте во детската магија!, порачуваат организаторите.
Претставата ќе биде одиграна во 19 часот во Охрид мол.
Инаку, проектот се реализира втора година по ред и е дел од програмата за култура на Општина Охрид.
OhridNews