На барање на охридската публика, Општина Охрид продолжува со низата настани за деца преку Програмата за култура за 2023 година. Денес по повод почетокот на новата учебна година повторно со нашите познати актери Магдалена Ризова – Черних, Сашо Ристовски и Тамара Ангелеска ќе се одржи театарска претстава за деца „Озо и Бозо“.

Претставата има за цел да се испрати универзална порака: Со насилство НЕ – со дружба може СЕ! Местото на одржување е на сцената кај ТЦ АМАМ со почеток во 19:30 часот, информираат од Општина Охрид.

Озо и Бозо се двајца браќа близнаци кои живеат заедно со дадилката во својот дворец, но Озо е тој кој постојано прави неволји и постојано сака да се однесува како да е се негово. Во нивниот дом доаѓа гостинка која сака да се сретне со дадилката, но и со Озо за да ги праша нешто многу важно.

Низ многу згоди и незгоди со оваа претстава ќе упатиме апел до децата дека важно е да бидеме другари и секогаш да си помагаме, а насилството да не го применуваме во ниеден облик. Насилство во домот и во училиште не, со добри дела секаде и се, додаваат во соопштението до Општина Охрид.

OhridNews