Театарската претстава “Здраво детство” за најмладите во среда
08.11.24 09:32
Театарската претстава за деца “Здраво детство” ќе биде прикажана пред најмладата охридска публика на 13 ноември со почеток во 18 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“.
Станува збор за интерактивна претстава за деца, што ги забавува и учи за другарството, здравата исхрана и грижата за домашните миленици, која ќе биде изведена во соработката помеѓу Народен Театар Охрид и Театар Патувалка.
Преку забавни игри, песни и интерактивни моменти, децата ќе имаат можност да учат и да се забавуваат со различните аспекти на приказната. Претстава за дечиња со возраст од 3 до 6 години, велат од Центарот за култура.
Во претставата играат Филип Кипровски, Дарко Богески, Јана Пауноска и Балтазар.
Картите по цена од 150 денари ќе бидат пуштени во продажба од понеделник (11.11.2024 г). Билетарата работи секој работен ден од 10.00-17.00 часот и 13:00-18:00 часот на денот на изведба на претставата.
На пригодна свеченост што се одржа на светскиот ден на волонтерството – 5 Декември, Црвениот крст Охрид им додели признанија на заслужни волонтери и крводарители во знак на благодарност за ни...
Во рамките на чествувањата на Св Климент Охридски, денес во големата сала на Општина Охрид, беше промовирана заокружената целина на книгата „Охридски летопис“ од авторите проф д-р Павле Митрески и ...
На 04122025 во 18:25 часот во СВР Охрид е пријавено дека претходниот ден од семејниот дом се оддалечилo 57-годишно лице од Охрид Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, информираат од СВР Охрид...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.