Почетокот на натпреварот помеѓу Стоук и Вест Хем пролонгиран е за еден час, откако на „БЕТ 365“ стадионот имаше проблем со снабдувањето со електрична енергија.
Навивачите поради електронските влезници останаа пред стадионот, а фудбалерите воопшто не се појавија на теренот во предвидениот термин за почеток на натпреварот од 16 часот.
Според англиските медиуми проблемите на стадионот со електричната енергија се надминат и двете екипи ќе го одиграа својот меч во 18-та рунда од Премиер лигата.
OhridNews