Теквондо клубот „Хва ранг ИТФ“ од Лескоец-Охрид на 10 и 11 февруари организира технички семинар со професор Гранд Мастер, Ким Унг Чол, црн појас деветти ден.

– Во светот има двајца таеквондисти кои се носители на титулата сениор гранд мастер, а еден од нив, на наше задоволство, повторни ќе биде гостин во Охрид. Со семинарот почнуваат и нашите активности во новата 2018 година која ја почнуваме со големи мотиви и надеж за уште поголеми дострели. – истакнаа од клубот.

Тренинзите од семинарот ќе се одржуваат во Домот на Културата-Лескоец во спорската сала од Таеквондо клубот “Хва ранг ИТФ” од Лескоец-Охрид.

OhridNews