Тековните предизвици на геостратешки план, но и предизвиците со кои се соочува регионот на Југоисточна Европа и пред се Западен Балкан во фокусот на конференцијата „Улогата на НАТО во проектирањето на стабилноста на Западен Балкан“ што од денес до 30 август се одржува во Охрид.
Амбасадорките на САД во Северна Македонија Кејт Мери Брнз во своето обраќање на отворањето на конференцијата истакна дека предизвиците со кои се соочуваме сега што ги прават Русија и Кина продолжуваат да претставуваат предизвици во различни области, здравство, безбедносни ризици и затоа е добро да се дискутира и да се види какви решенија може да се најдат за овие предизвици.
Другата работа која што треба да биде јасна е важноста на вашиот придонес како регион во Европа. Сите зборуваат колку е важно да се инвестира во овој регион, со самата безбедност и стабилност се придонесува во Европа. Има бенефити кои може Европа да ги добие од овој регионот. Важно е и дека Европа ќе има корист од еден ваков регион кој е стабилен и просперитетен. Важноста што ние ја имаме како САД од преку Атлантикот, е користа и од вашата екпертиза, стручност. Она што како предизвик, пак, претставува Русија, е ранливоста од снабдувањето со енергија, односите меѓу демократските држави. Сето ова е всушност нешто од кое може да има бенефит и Америка, рече Брнз.

Последиците од почетокот на војната и самите случувања се чувствуваат и во РС Македонија, во рамките на надворешната политика. Принципот на единство и блокирањето на Русија се големи предизвици со кои мораме да се соочиме во иднина. Тоа се прашања за кои сите разговараат. РС Македонија има важна улога во одржување на мирот. Претходно го спомнавме и Преспанскиот договор, знаете што тоа значеше за вашиот пат кон НАТО. Промената на името која е болна тема придонесе Северна Македонија да стане членка на НАТО, да биде безбедна, да биде дел од најмоќната алијанса и да ја заврши евроатланската интеграција во рекордно време. Со зачленувањето во НАТО пред две година до сега и со кандидатскиот статус од 17 години, се гледа напредок и во првите чекори на овој тежок пат кон ЕУ. Минатиот месец беше првата Меѓувладина конференција, започнуваат разговори, а кога ви се обратив пред две години се надевав дека тоа ќе се случи за време на претседателството на Германија, но тоа не се случи и се стави акцент на други билатерални прашања, истакна Холштајн.

Важно е сега да се стекне повторно довербата кај народот во ЕУ. Може да не гледате како партнери, но исто така и како обезбедувачи на безбедноста мораме да се соочиме со ризиците кои се пред нас како што се војната, промената на климата, пандемијата. Со заеднички сили можеме да ја поддржиме Украина, додаде Холштајн.
Во однос на клучни предизвици со кои коишто се соочува Балканот, професорот Методи Хаџиев Јанев истакна дека генерално тие предизвици пред се доаѓаат од компетицијата и од начинот на којшто таа компетиција се води помеѓу големите играчи. Но, вели, мора да признаеме дека предизвиците доаѓаат и од внатрешните проблеми, неуспехот да се најдат решенија за проблемите коишто го тиштат регионот од распаѓањето на Југославија па до денес.
Посебно проблемите околу демократизацијата, високото ниво на корупција, огромните скандали коишто се редат едни по други, и во 30 години коишто не успеја локалните политички лидери да најдат начин како да го приклучат регионот во евроатлантските интеграции коишто токму многу се влошува. За сметка на тоа, со многу евтино или речиси без потрошени рубљи и јени, одредени авторитативни режими успеваат да ја дегарадираат години наназад или декади наназад инвестицијата којашто е направена во евроатлантската интеграција. Имаме доста стратегии за да го зачуваме мирот на Балканот, стратегии се донесени на многу полиња, и мислам дека ние се заглавивме во повеќе пишување или „copy-paste“ на стратегија отколку нешто опциски конкретно да преземеме. Она што нам ни фали е генерално да се ослободиме од статусот на заробени држави, да се ослободиме од клиентилизмот којшто постои, да се ослободиме од политиканството во секоја сфера коешто ни е влезено и да се фокусираме на вистинските вредности. Затоа што на овој начин во суштина имаме само погрешна слика за тоа што е либералната демократија и дозволуваме во најмала рака на некој начин со тоа да покажеме дека либералната демократија е парадокс сама по себе, вели Хаџиев Јанев.
Моника Бегович, претседател на Атлански совет на Хрватска истакна дека настанот покажува како земјите од Западен Балкан имаат многу значајна геоположба и со тоа геополитички предизвици поради своите геостратешки положби.
Предизвиците се менуваат како што се менуваат и условите на меѓународен план. Моментално можеме да говориме на прво место како Западен Балкан го покажува тоа геостратешко значење со самото тоа што се појави една закана, Украинската криза, со што се покажа ако во земјите не се применуваат тие евроатлански вредности, со само тоа доаѓа до тоа сите земји да подлежат на некакви поголеми предизвици на меѓународната сцена. Тоа се покажа со Украина. Со самото тоа сметаме дека тоа е едно од најголемите предизвици сега бидејќи така се менуваат и меѓународните односи. Тука е исто така и пандемиската криза, која покажа дека без оглед на олабавување на мерките, дека таа и понатаму претставува некаков голем предизвик, но секако влијанието на Источните сили Русија, Турција, Кина, кои прават еден дисбаланс помеѓу демократски и антидемократски вредности. Во овој контекст тоа е исто така еден голем предизвик. Најголеми надворешните закани се источните сили Русија Турција и Кина кои низ некакви инвестиции, вложување во едукациски организации, во инфраструктури изградба на автопати и слично го реализираат својот интерес во земјите. Даваат заеми кои ги туркаат земјите во долгови и со тоа поставуваат зависни од нивниот начин на исплата, додаде Бегович.
Во рамки на програмата опфатени се теми за стабилноста на Балканот и улогата на земјите од регионот, како и украинското прашање и улогата на НАТО. Еден дел е посветен и на превенцијата од глобалната закана за тероризам, радикализацијата и мигрантското прашање.
Конференцијата е во организација на Одделението за јавна дипломатија на НАТО, Европскиот центар за безбедносни студии Маршал Центар – Гармишпартенкирхен, НАТО Колеџот во Рим и невладината Маршал Центар од земјава.
Н.С.Ј.














