Екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ тековно се грижат за одржување и уредување на јавното зеленило, но и хигиената во градот.
Денес беа спроведени активности за отстранување на неуредна вегетација и косење во приградски населби нас.Св.Стефан, плажа Лагадин, с.Трпејца и патен правец до с.Скребатно, како и косење на тревни површини покрај патека потег од канал Студенчишта до Парк. Беа реализирани и активности за хортикултурно одржување на зелените површини во поранешна касарна и околните улици, информираат од претпријатието.
ЈП „Охридски Комуналец“ со оперативна поддршка и расположивост на екипите и механизацијата беа вклучени и во одржување на јавната хигиена на просторот од Антички театар и околниот простор пред и по свеченето отворање на 63.то издание на фестивалот “Охридско лето”.
Деновиве беше спроведено косење на зелените јавни површини улици „Крали Марко“, „Абас Емин“, „Дејан Војвода“ и „8.ми Март“, како и уредување на зелениот појас покрај патеката која води од плажа Грашница до калето.

OhridNews












