Македонската интернационална теквондо федерација со двајца натпреварувачи (Давид Велковски и Божидар Димитриевиќ) кои се членови во охридскиот клуб „Хва Ранг Итф“ учествуваше на Светското првенство кое се одржа од 24 до 30 август во бугарскиот град Пловдив.

Велковски и Димитриевиќ дебираа пред големата светска сцена а нивниот тренер Марјанчо Лазеревски е презадоволен од нивниот перформанс и од одговорот на големиот предизвикк.

  • Најважно за Велковски и Димитриевиќ беше да ја почуствуваат атмосферата на едно големо натпреварување. Многу ме радува што тие дадоа се од себе и се претставија во најдобро светло. Допрва ќе дојдат резултатите, само, треба напорно да работат на тренинзите. – изјави Лазаревски.

Македонската експедиција на СП настапи по покана на домаќинот Бугарија кој во Охрид на Меѓународниот турнир учествуваше со 150 натпреварувачи во сите категории.

OhridNews