Од понеделик, Народниот правобранител отвора бесплатна телефонска линија, на која граѓаните ќе можат да пријават повреди на избирачкото право. На бројот 0800 54321 ќе можат да се пријават сите непрaвилности за време на предизборниот период и на денот на гласањето.
Телефонската линија ќе функционира секој работен ден од осум до 16 часот и по пријавите на граѓаните ќе се постапува веднаш по примениот повик или снимената порака.
OhridNews