Телеграм конечно презеде чекор и ја затвори групата „Јавна соба“, објави премиерот Зоран Заев. Апелирам да останеме сите будни и одговорни, имаме уште многу заедничка работа во искоренувањето на ова зло, напиша на Твитер Заев.
МВР објави дека за случајот со злоупотреба на профили на голем број жени и девојки и нивно вознемирување, приведени се четири лица и дека се работи на откривање и на други учесници во групата кои ја злоупотребиле социјалната мрежа „Телеграм“.

Барам од надлежните институции соодветно да го истражат случајот, а престапниците да бидат гонети и казнети согласно законските прописи. Одговорност мора да има во најкус можен рок. – рече Пендаровски.
OhridNews












