Телеграм конечно презеде чекор и ја затвори групата „Јавна соба“, објави премиерот Зоран Заев. Апелирам да останеме сите будни и одговорни, имаме уште многу заедничка работа во искоренувањето на ова зло, напиша  на Твитер Заев.

МВР објави дека за случајот со злоупотреба на профили на голем број жени и девојки и нивно вознемирување, приведени се четири лица и дека се работи на откривање и на други учесници во групата кои ја злоупотребиле социјалната мрежа „Телеграм“.

Случајот го осуди претседателот Пендаровски посочувајќи дека фрапантно се крши приватноста на илјадници жени и девојчиња со понижување, сексизам и насилство кои оставаат трајни последици на нивните животи, вели претседателот на државата Стево Пендаровски.

Барам од надлежните институции соодветно да го истражат случајот, а престапниците да бидат гонети и казнети согласно законските прописи. Одговорност мора да има во најкус можен рок. – рече Пендаровски.

OhridNews