Поради најавеното исклучување на доводот на електрична енергија на подрачјето на Охрид од страна на ЕВН и Мепсо. Македонски Телеком ги советува корисниците од Охрид да ја исклучат мрежната и компјутерската опрема (рутер, модем, телевизиски апарат, компјутер) во своите домови во тој период.
На тој начин ќе се спречат евентуални проблеми во користењето на интернет и ИПТВ сервисите, информираат од Телеком.
Како што информиравме, заради изведување работи за модернизација на преносната мрежа, „МЕПСО А.Д. ќе изврши исклучување на далноводите преку кои се снабдува со електрична енергија реонот на Охрид. Надградбата на преносната мрежа ќе се реализира во деновите на викендот: сабота и недела, 19 и 20 октомври во интервалите од 07: 00 часот до 18:00 часот.“
Во наведениот период МЕПСО А. Д. и ЕВН Македонија ќе бидат во постојана координација за спроведување на планираните прекини во предвидените термини од 07:00 до 13:00 и 12:30 до 18:00 часот во различни населени места.
OhridNews