Спогодбата доаѓа како резултат на извинувањето на новинарот Момировски во предметот за клевета инициран од Т- Мобиле Македонија против него. Ваквиот исход ја потврдува определбата на Македонски Телеком и на Т- Мобиле Македонија да ја поддржуваат слободата на медиумите и слободата на новинарскиот збор во рамките на објективното информирање, како заедничка цел во унапредувањето на општествената одговорност.
Здружението на новинари им се заблагодарува на Македонски Телеком и на Т-Мобиле Македонија за отворената соработка.