Националниот ТВ канал Телма прослави 15 години постоење.

Како што потенцираат од телевизијата стратешката цел била утврдена уште при самите почетоци со основачот и сопственик, компанијата ,,Макпетрол”:  урбана, градска телевизија, која ќе претпочита и остварува високи професионални и естетски стандарди, која ќе се бори да привлекува што повеќе гледачи кон повисоките вредносни скалила, која нема да потпаѓа пред вулгарната комерцијализација и пинкизација, која ќе се бори да освои гледачи кои мислат со своја глава, која нема да распалува хистерични огнови и невкус.

– Се’ што правиме, правиме за гледачите иако од првиот ден не им се додворуваме, туку им предлагаме нови вредности. Годините зад нас покажаа дека не даваме лесни и ефтини ветувања. Годините зад нас покажаа дека сме подготвени и за најсложени програмски потфати и понуди, велат од Телма телевизија.

OhridNews