„Без претходно да не’ информира или пак да побара согласност, оваа партија како нарачател на телевизиски спот во кој, на нивен својствен начин го критикува политичкиот противник, вметнува слика и тон препознатливи за Телма, што е недозволиво и спротивно на сите етички,морални, но и законски норми.“-стои во реакцијата на телевизија Телма, по повод политичкиот спот во кој ВМРО ДПМНЕ го критикува сега веќе поранешниот лидер на СДСМ Бранко Црвенковски за аболицијата на Зоран Заев во периодот кога тој ја извршуваше функцијата претседател на државата. 

Телма бара од ВМРО ДПМНЕ да престане да ги злоупотребува архивите што ги поседува, а во кои, како што се наведува во реакцијата, најверојатно се наоѓаат и вестите на Телма, кои се сопственост и авторски труд на телевизијата заштитен со закон. Истото се однесува и на сите други политички партии.Телма очекува соодветна реакција и од Советот за радиодифузија и повлекување на спорниот политички спот,чиј нарачател е ВМРО ДПМНЕ. 

-Телевизија Телма најостро се спротиставува на злоупотребата на нашиот медиум во политички цели од страна на ВМРО ДПМНЕ при јавната пресметка со нивниот политички противник СДСМ. -стои во реакцијата на телевизија Телма.

OhridNews