Според утринските мерења на Управата за хидрометеоролошки работи, температурата на водата во Охридското Езеро изнесува 23 степени Целзиусови, што е во рамки на просекот за август кој изнесува 23 Cº.

Неделната анализа на УХМР покажува дека Охридското Езеро било најтопло на 28 и 29 јули, кога температурата на водата достигнала 24 степени.

Следува период на претежно стабилно и топло време со постепен пораст на дневните температури кои ќе се движат во интервал од 30 до 39 степени, па рекреацијата во Охридското Езеро ќе биде идеално освежување.

OhridNews