Според утринските мерења на Управата за хидрометеоролошки работи, температурата на водата во Охридското Езеро изнесува 21 степен Целзиусов и за половина степен е потопла од вчера, кога биле измерени 20,5 степени.
Иако е во пораст, температурата на водата во Охридското Езеро се уште е под јулскиот просек, кој изнесува 22,8 степени.
Според најавите на синоптичарите, во наредниот период не очекува многу топло време со високи температури кои, на места во земјава ќе достигнат до 42 степени. Висок ќе биде и УВ индексот на зрачење, кој ќе изнесува 9.
Г.М.












