Според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи направени утрово, температурата на водата во Охридското Езеро изнесува 24 степени Целзиусови, што е за половина степен повеќе од просекот за месец август.

Нивото на Охридското Езеро, пак, во моментов е на кота 693,28 метри надморска височина, што е за 18 сантиметри пониско од просекот за овој период од годината (693,48 м.н.в.).

Според најавите, во наредните десеттина дена не се очекуваат врнежи, а температурите ќе останат високи, со благ пад, што нема да предизвика значителни промени на хидролошката состојба на најголемото природно езеро во земјата.

Г.М.