Според утринските мерења на Управата за хидрометеоролошки работи, температурата на водата на Охридското Езеро изнесува 21 степен Целзиусов, што е за два степени повисока температура од просекот за овој период од годината.

Водостојот на Охридското Езеро, пак, е за 18 сантиметри понизок од просекот за јуни и во моментов е на кота 693,47 метри надморска височина.

Г.М.