Според утринските мерења на Управата за хидрометеоролошки работи, температурата на водата во Охридското Езеро изнесува 25,5 степени Целзиусови, што е за три степени повеќе од просекот за август кој изнесува 22,8 степени.
Водостојот на Охридското Езеро е блиску до просекот за овој период од годината. Нивото на езерото денеска е на кота 693, 53 метри надморска висина, односно пет сантиметри под просекот за август кој изнесува 693,58 м.н.в.
Г.М.