Дождот кој интензивно врнеше, особено во попладневните часови вчера, значително ја намали температурата на воздухот во Охрид. Утрово во 7 ласот измерени се 15,7 степени Целзиусови температура на воздухот, додека температурата на водата била 22,5 степени.
До крајот на денот ќе преовладува променливо облачно време, од пладневните часови нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер и појава на град.
Максималната температура во Охрид ќе достигне 26 степени, информира Управатра за хидрометеоролошки работи.
OhridNews












