Сончево и топло време, со умерена облачност ќе преовладува денеска во Охрид. Максималната дневна температура ќе достигне до 22 степени Целзиусови.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, сончево и потопло ќе биде во наредните денови. Во недела максималната температура ќе достигне до 28, а во понеделник до 27 степени. Пад на температурите се очекува во вторник, за кога се очекуваат врнежи од дожд.

OhridNews