
-Температурите
во последните десет години во светот растат побрзо од очекувањата. Се
случија неколку екстремни појави во Северна Америка, но и во други
делови од светот. Цврсто сум убеден дека климатските промени се
вистински и дека се поттикнати од човекот. Имаме обврска кон идните
генерации нешто да преземеме.-истакна американскиот претседател Барак
Обама.
Но, токму САД се уште го нема потпишано протоколот од
Кјото за намалување на емисијата на јаглен диоксид во атмосферата. Тешко е
веројатно дека и собирот во Доха ќе донесе суштински промени, бидејќи
против ограничувања кои директно ќе влијаат на стопанството се и големите
економски сили Русија, Канада и Јапонија.
Во меѓувреме мразот на
половите забрзано се топи што доведува до покачување на нивото на
морињата и океаните, што особено ги загрижува островските земји, кои
стравуваат дека светот навреме нема да ги сфати последиците од
климатските промени, а први на удар ќе бидат токму тие.












