– Според одлуката, од утре, четврток, работното време на државните органи, установи и институции треба да се организира во законскиот рок и времетраење од 8:30 до 16:30 часот, информираа од Владата.
Владата одлучи да прекине со важност и мерката за забрана на вршење работи на отворено, која претходно важеше во периодот од 11 до 17 часот. Согласно истите препораки, се укинуваат и останатите мерки од Акцискиот план за заштита од топлотен бран, со исклучок на препораките, во градинките да не се практикува физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено после 11 часот, како и единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст на Република Македонија и Центрите за социјални работи да продолжат со обврската поактивен пристап во насока на пружање помош на осамени стари изнемоштени лица и бездомници.