Охридскиот тениски клуб имаше плоден почеток на новата сезона, откако Ива Кецкарова доминатно стигна до титулата на турнирот за девојчиња до 12 години кој се одржа во Скопје.

Охриѓанката со убедливи победи и без изгубен сет стигна до победата. Во четвртфиналето Кецкарова славеше 6-1, 6-1, во полуфиналето со 6-2, 6-2 а во натпреварот за златен медал со 6-3, 6-2.

Кецкарова (во црна маица) со титулата после триумфот на првиот турнир во новата сезона.

Останатите тенисери од охридскиот клуб не се повеќе дел од У12, туку од У14 и нивните турнири ќе започнат следниот викенд во Неготино. На крајот од овој месец домаќин на турнир за младите тенисери ќе биде Тенискиот клуб Охрид.

OhridNews