Едни од најдобрите тенисери во историјата, Рафаел Надал и Рожер Федерер ќе се сретнат во финалето на Австралија Опен.
Шпанецот, Надал на Федерер во финалето му се придружи, откако во полуфиналето го совлада Григор Димиторв во пет сетови (6-3, 5-7, 7-6, 6-7, 6-4) по пет часови игра.
Надал и Димитров одиграа атомски тенис и најавија спектакл во финалето. Надал ја искористи третата меч топка, додека Димитров пропушти шанса на својот сервис во деветтиот гем од одлучувачкиот сет.
Големото финале на австралискиот гренд слем се игра недела наутро со почеток 9:30 часот.
OhridNews