Неверојатен резултат е постигнат на тенискиот Фјучрс турнир во францускиот Бажнер Де-Бижор. Домашниот играч Беџамин Тулу со 6-0 6-0 г победи Чехот Томаш Фабиан. Ваков резултат во машкиот тенис е реткост, но вистински раритет е начинот на кој Тулу стигна до победата.
Тулу на својот противник не му дозволил да освои ниту еден поен, односно победил со 6-0, 6-0 освојувајќи ги сите 48 поени, а мечот траел 24 минути.
Инаку поразениот Фабиан има 55 години, а тениската „кариера“ ја започнал минатата година. Досега играл на четири Фјучрс турнири, нема забележано победа, не освоил ниту еден гем, а ова му е прв пат да не освои ниту еден поен.
Спортскиот директор на ГКК Охрид, Марјан Бошалевски, излезе со јавна реакција и осуда по инцидентот кој вчера се случи на кошаркарскиот натпревар во Охрид, упатувајќи извинување до службените лица ...
Младиот фудбалер на ГФК Охрид Лихнидос, Виктор Грданоски, доби повик во репрезентацијата на Македонија до 15 години Виктор ќе биде дел од националниот тим на пријателските натпревари против селекци...
Макс Верстапен со Ред Бул победи на денешната трка за Големата награда на Лас Вегас во Формула 1, по неизвесна борба со возачите на Мерцедес и Мекларен Холанѓанецот низ целта мина со само 0,639 сек...