Аспирантот за висок пласман Металург до врв ја наполна охридската мрежа откако “зелените“ триумфираа со 6-0 во последната етапа од есенската полусезона. Избраниците на Драган Антиќ по поразите од Вардар и Шкендија ја забележаа третата “нула“ во низа. 


“Металурзите“ натпреварот го решија во првиот дел за само две минути,  прецизни беа Стевановиќ во 29-та минута и дефанзивецот Драговиќ во 30-та.
Канонадата кон голот на охриѓани продолжи во вториот дел, на 3-0 зголеми Начевски. Офанзивецот на Металург,  Чурлинов во 66-та минута стрелаше за 4-0, србинот Стевановиќ со  вториот погодок на мечот погодува за 5-0 додека конечните 6-0 ги постави Тенекеџиев во финишот на мечот.

“Тенискиот“ пораз на “рибарите“ од 6-0 е најубедлив во сезоната и ги сместува во долниот дел на табелата. Наредниот натпревар охриѓани го играат на домашен терен со Х. Турново во пролетниот дел од првенството до тогаш охриѓани ќе презимат на осмата позиција  на прволигашката табела со 20 бодови.

Мх.П.